Реклама
MAMAКафе муабет

„Не трчајте по жените, да не се судрите со оние кои бегаат од нив“

Реклама

Српскиот писател Душко Радовиќ зад себе остави голем број афоризми и мудри мисли кои ни го направија животот поубав, посмешен, пошармантен.

„Пред да го поправите светот, поправете ја чешмата во вашиот стан. Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој од нас би ја поправил чешмата или барем неговите заби“.

„Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ни малку“.

Маркетинг

„Не трчајте по жените, да не се судрите со оние кои бегаат од нив“.

„Мајки, раѓајте им на децата сестри, бидејќи сестрите стануваат тетки, а тетките се најдобри, незаменлив подарок на секое детство“.

Маркетинг

„Толку малку љубов меѓу луѓето. Кој умее да сака, не би требало да прави ништо друго“.

„Сакајте се кога не сте заедно. Тоа е вистинска љубов. Оние кои умеат да сакаат само кога се заедно, него не му е грижа со кој е“.

„Тепајте ги вашите деца штом забележите дека почнале да наликуваат на вас.“

„Среќата и слободата на децата се состојат во тоа што тие немаат никаква цел. Малото дете живее денес, па спие, па живее утре, па пак спие и не е свесно за никакви цели.“

„Не го кажувајте она што го мислите ако живеете од она што го зборувате“.

„Така и ни треба. Додека не признававме дека има проблеми, не моравме ниту да ги решаваме“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button