Не го трга погледот од внучето – еве како се славеше кај Ѓорѓе Иванов
Поранешниот претседател на Македонија покажа како се славеше Новата година во неговото семејство.

Најмладиот член во центарот на вниманието, сите погледи вперени во него.
Универзитетскиот професор Ѓорѓе Иванов беше претседател на нашата земја од 2009 до 2019 година, кога на негово место дојде актуелниот претседател Стево Пендаровски.
ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов
Во приватниот живот е посветен сопруг и грижлив татко.
Оженет е со госпоѓата Маја Иванова, а плод на нивната љубов е синот единец – Иван Иванов.
ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов
Од политички науки, вљубеник во музиката, до инспиративен поет, Иван целиот мандат на неговиот татко беше негова најголема поддршка и гордо стоеше зад него, но никогаш јавно не се експонираше.
Најголемата среќа семејството ја длживеа со раѓањето на првото внуче, откако Јана, сопругата на Иван, во април 2022 година го роди нивното прво дете, синот Ѓорѓи.
ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов
Поранешниот претседател им ги стопи срцата на многумина со најновата семејна фотографија за дочекот на Новата година.