„Не го разбираш животот сè додека не започне да расте во тебе“ – Николина, сопругата на Борко со емоционална порака за бременоста
Николина треба да се породи следниот месец
Фото: @emra.salih.photography
Николина, сопругата на голманот Борко Ристовски на социјалните мрежи објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак. Таа треба да се породи во март, а нивниот син ќе се вика Душан по починатиот татко на Борко. Инаку, ова не е првпат на убавата Николина да објавува фотографии на кои се гледа нејзиното бремено стомаче. Но за разлика од претходно овој пат напиша емотивна порака во која зборува за мајчинството. Таа во пораката меѓу другото напиша и дека чекањето на нејзиното бебе истоврмено е најтешкото, но и најубавото нешто што некогаш и се случило во животот.
https://www.instagram.com/p/Be1Z61UgtA9/?taken-by=ninaristovska
„Се чувствувам благословена и благодарна за сè и ја гледам убавината во нешта во кои не ја гледав претходно. Не го разбираш животот сè додека не започне да расте во тебе“ напиша таа.
https://www.instagram.com/p/BeyVtOdAyFQ/?taken-by=ninaristovska