НЕ го интересира воопшто неговата поранешна сопруга – и го остави старателството над ќерката и станот од 300.000 евра
По тешката сообраќајна несреќа што му се случи во октомври минатата година, и во која за малку ќе го изгубеше животот, Дарко Лазиќ се разведе од својата сопруга, а неговата нова девојка е во деветтиот месец од бременоста.
Познатиот српски пејач за српските медиуми изјави дека неговата поранешна сопруга воопшто не го интересира повеќе и дека во иднина нема да одговара на новинарски прашања што се поврзани со неа.
Лазиќ во неговото интервју додаде и дека ќе остане во коректни односи со неговата поранешна сопруга, пејачката Ана Севиќ, поради нивната ќерка Лорена, а по разводот што го потпишаа пред недела дена секој продолжи на своја страна. Тој на поранешната сопруга и го оставил станот, како и старателството над Лорена, а по бракоразводната „церемонија“ во судот заедно заминаа на пијалак во еден ресторан каде, според очевидци, тие биле видно расположени, со што покажаа дека пријателски се разделиле.
Малата Лорена ќе живее со својата мајка, во луксузниот стан што им го остави Дарко и кој вреди околу 300.000 евра, а секој втор викенд ќе го минува со својот татко.
Инаку, Дарко доживеа сообраќајна несреќа на 23 октомври минатата година но се уште не закрепнал целосно од повредите, но поради ситуацијата во која се најде го промени неговиот бурен живот.
Неговата свршеница Марина Гагиќ е бремена и наскоро треба да се породи, а по породувањето планираат да се венчаат.