„Не ви треба партнер кој ќе проба да ве менува“

Гламур интервју со Симона Поповска

Симона Поповска важи за една од најубавите докторки во Македонија, но, дека вистински ужива и знае како да ја пренесе емоцијата кога е на сцената со микрофонот во рака, не треба многу да зборуваме. Крвта не е вода, таа за себе вели дека талент во музиката и пеењето го има наследено од својата мајка, за која вели дека имаат речиси ист глас.

ADVERTISEMENT

Кои се твоите ритуали за здрав живот и како ја негуваш твојата кожа?

– Немам некои посебни ритуали, но се разбира дека здравста исхрана и физичката активност се важните фактори кои придонесуваат за мојот изглед . Тука се и редовните третмани за мојата кожа кои придонесуваат да изгледа негувано.

Што е она што сакате да го прикриете, а што да истакнете со вашата шминка?

–  Не ја користам шминката за да прикривам недостатоци, напротив уживам и ја доживувам како  вид уметност со кој посебно сакам да ги истакнувам очите . Секако дека постојат денови кога може да се прикрие уморниот изглед 🙂

Симона, дипломираше на медицинскиот факултет, но медицината и музиката немаат допирни точки. Како успеваш да бидеш успешна и на двете полиња и да ги усогласиш обврските?

–  Со многу желба , труд и упорност . Кога нешто се сака се се може 🙂 Верувајте во себе и неспојливото може да го направите спојливо 🙂

Имате долга коса и ретко експерементирате со фризури. Како ја негувате вашата коса и дали размислувате за некоја нова комплетна промена?

– Па не би рекла дека не експериментирам,  често знаам на неколку месеци да си играм со бојата на мојата коса.  Но, во однос на комплетна промена не би се осудила , затоа што сум била и блондика и тоа ми била најголемата промена . За мојата нега се задолжени производите на Белина кои се органска козметика (линијата Argan Shine – шампон и маска  за сува и остелива коса) , но секако посетувам и фризерски салон 2 до 3 пати неделно 🙂

Која е вашата добитна комбинација на пример за некоја вечерна забава?

За мене добитна комбинација за вечерна забава е друштвото со кого сум 🙂

Бидејќи се занимваш со јавна професија колку твојот партнер е подготвен да се носи со критиките, твоите успеси кои ти ги наложува работата?

Ако не бил спремен нормално немаше да биде и мој партнер 🙂 Поради тоа и сум го избрала бидејќи ја прифатил мојата работа и се што иде заедно со неа. Според мене не треба да бирате партнер кој ќе проба да ве менува , треба да ве прифати и подржи за уште поголем успех .

Кои се твоите идни планови?

Спот за макфестовската балада – Љуби ме . Прекрасна балада која заслужува видео запис .

Подготви: Берта Мартиноска
Facebook Comments
(Visited 215 times, 1 visits today)
Loading...