Познатата пејачка обожава необични работи
Лејди Гага ги воодушеви сите со настапот на доделувањето на Греми наградите. Таа се најде и меѓу најдобро облечените дами поради фустанот од „Armani Privé“ а за да изгледа посебно се погрижи и нејзиниот фризер кој за медиумите откри дека два дена по ред цртал скици за нејзината фризура, кои потоа ги одобрувале членовите на нејзиниот тим, а дури потоа тој и ја направил. Впечатлива беше и нејзината шминка, поради што се најде и на листата меѓу дамите со најубава шминка.
Но, познатата пејачка вниманието го привлекува и со своите секојдневни изданија. Тоа можеме да го забележиме и од еден од нејзините последни стајлинзи во кој носеше шарена комбинација од Версаче. Во прашање се здолниште, хеланки и боди во стилот на поп-арт дезенот што во 1991 година го дизајнираше Џани Версаче и сега повторно се провлекува низ колекцијата „Vescae Tribute“ што беше направена во негова чест.
Па, што велите за ова издание на Гага?