Нема да ја препознаете – пред 10 години беше сиромашна домаќинка, а денес е милионерка! И се уште живее скромно во својата стара куќичка
Прекрасната пејачка Сузан Бојл продаде повеќе од 20 милиони албуми ширум светот, а двапати беше номинирана за музичката награда „Греми“.
Светската јавност ја запозна Сузан Бојл (58) кога пред десет години настапи во популарното шоу „Британски суперталент“, кога како скромна и сиромашна домаќинка ги освои сите со својот ангелски глас. Но животот на Сузан од нејзиниот прв настап досега и се промени 100 %.
Таа повеќе не е сиромашна, туку има милиони на сметките, изгледа потполно различно, а досега добила и бројни љубовни, па дури и брачни понуди.
„Мојот живот потполно ми се промени. Бев обична жена и живеев со мојата мачка. Продадов преку 20 милиони плочи и тоа е премногу за мене“ – вели со насмевка Сузан, која сега изгледа многу подобро отколку што се сеќавате, а финансиските проблеми се далеку зад неа.
На прашањето дали се смета за шампион, таа вели:
„Јас сум шампион за оние што немаат самодоверба да го направат она што го сакаат, за оние кои немаат глас, за оние кои никој не ги забележува!“
Но и покрај невероајтниот успех во животот, таа се уште е сама. Во интервју за магазинот „ОК!“ таа откри дека поминале шест години откако била на последниот состанок со маж, кој траел само 45 минути.
Главната причина што толку долго време не излегла со маж, е тоа што е презафатена и нема време за тоа.
„Мислите, дали излегувам со мажи? Помладите жени можеби излегуваат, но јас немам време за тоа. Сепак, убаво е тоа што ме прашувате. Имав состанок во Америка пред шест години, траеше точно 45 минути. Отидов на масажа во спа центар на еден хотел и таму сретнав доктор со кого излегов на ручек. Тоа не го кажав никому и мојот тим мислеше дека сум киднапирана, и навистина беа испаничени, бидејќи имав настап таа вечер“, вели Сузан во своето интервју.
„Тој беше мил, но не е за мене, не би можела да се носам со толкава одговорност“ – раскажа Сузан и додаде дека не може да знае кога ќе се вљуби.
Но за разлика од љубовта, каде не и цветаат рози, таа заработува огромни суми пари. Досега има заработено околу 22 милиони фунти, а живее далеку од очите на јавноста и заработените пари ги штеди.
Таа остана да живее во својата скромна куќичка, иако може да си дозволи да живее во огромна вила со базен. Најскапите работи што си ги има дозволено е бунда и клавир. Покрај тоа се обидува и да положи за возачка дозвола, па дел од парите вложува во часови за возење.
Да се потсетиме на нејзиниот генијален настап: