Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ја препознаете оваа фатална русокоса од Македонија – и денес е сон на многумина

Еве како изгледаше во младоста познатата пејачка

Реклама

„Мачка со девет животи“ што го освои срцето на уште една наша легенда

На социјалните мрежи беа објавени неколку фотографии од новата емисија на Марјана Станојковска што се емитува на Канал 5 телевизија.

Во емисијата Марјана блескаше во своето раскошно издание, а големо внимание привлекоа и нејзините гостинки.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Марјана Станојковска

Станува збор за нашите три познати дами, пејачките Ребека, Искра Трпева и Маја Гроздановска-Пенчева.

Тие сите никого не оставија рамнодушен со своите прекрасни изданија, а денес во фокусот ни е Гроздановска-Панчева која и денес важи за една од најубавите дами на македонското естрадно небо.

Фото: Фејсбук/ Марјана Станојковска

Таа за оваа пригода избра бели панталони и бело сако, а целото издание го заокружи со бели високи потпетици и преубава фризура.

Како сопственичката на „Мачка со девет животи“, „Ноќи без крај“, „Барбика“, „Нова планета“ и ред други изгледаше во ова свое издание, но и неколку скриншотови од нејзините почетоци, од времето кога беше една од нашите најпознати пејачки, погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Марјана Станојковска

Потсетуваме, Маја и покрај тоа што оваа година го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, се уште изгледа како во најдобрите години.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа е мајка на две прекрасни ќерки, Марија и Надица, а ниту бременоста, ниту пак годините оставиле траги на неа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Маја и денес важи за преубава жена и за една од најзгодните Македонки меѓу познатите дами, а нејзиниот сопруг, македонската легенда Дарко Панчев, никогаш не криел колку е среќен што е со неа.

Повеќе за ова прочитајте тука

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева

Поврзано

Back to top button