Нема да ви се верува – момчето клекна и ја запроси саканата пред гостите во ресторанот, но нивната приказна има и една мрачна страна

Корни Милер и Адам Карл имаа генијален начин како да заштедат пари кога треба да излегуваат во петок навечер.

Тие живеат во  Атланта и веќе неколку години речиси секој месец во различни локали прават мини спектакл со кој за себе обезбедуваат бесплатни пијалаци и храна.

ADVERTISEMENT

Имено, тие за да заштедат барем еднаш месечно ќе изберат ресторан или кафуле, и ќе направат фиктивна веридба.

Адам секој пат ќе клекне и ќе ја праша својата сакана пред сите дали е подготвена да го помине останатиот дел од животот со него, а таа секогаш без да размислува ќе го каже своето „ДА“. По судбинскиот одговор, сопственикот на ресторанот и гостите го честат новонастанатиот пар.

Планот им функционираше успешно некое време додека видеата на Корни и Адам не почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи.

Откако парот беше фатен во измамата, Корни и Адам не се засрамија, туку тие се и горди на својот необичен „проект“.

„Секој пат беше урнебес бидејќи луѓето ни порачуваа пијалаци и пиеја заедно со нас. Ние ништо не плаќавме. Најдобри сме пријатели осум години и патуваме заедно насекаде. Воопшто не се каам што го правевме тоа што го правевме“, изјави Корни за британскиот магазин Метро.

По овој настан сопствениците на рестораните во Атланта се повнимателни бидејќи сега знаат дека некој сака да профитира и на еден ваков бизарен начин.

Facebook Comments
(Visited 144 times, 1 visits today)
Loading...