Нема да ви се верува колку чинат новите високи потпетици и гламурозната чанта со кои Карлеуша се прошета низ Охрид

Вреска од гламур

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша реши дека е време да се врати на своите работни обврски.

Таа вчера пристигна во Охрид и тоа со приватен авион.

Таа откако пристигна на охридскиот аеродром објави видео и ги поздрави фановите нагласувајќи дека вечерта ги чека луда журка покрај Охридското Езеро. Имено, таа имаше настап во охридскиот клуб „Егоист“, и тоа всушност е прв нејзин настап во живо по кризата со короната.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Познатата поп дива на аеродромот се појави во тесни панталони, високи потпетици од Ив Сен Лоран и големи ретро очила за сонце. Нејзината коса беше врзана со марама, а во рацете носеше голема чанта – и двете со потписот на престижната модна куќа Луј Витон.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Ако земеме во предвид дека само чантата од престижниот бренд на интернет може да се најде за околу 4000 долари, а сандалите и марамата нешто над илјада долари, тогаш можеме да заклучиме дека само модните додатоци на Карлеуша во ова издание можете да си купите автомобил.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку познатата пејачка непосредно пред да замине за Охрид, се обрати до фановите со порака на Инстаграм.

Имено, поради преголемиот притисокот на јавноста и публиката околу нејзиниот нов албум кој фановите нестрпливо го чекаат, таа реши да ги извести сите преку социјалните мрежи и тоа со многу јасна порака.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Ги замолувам фановите и сите други да разберат дека притисокот врз мене за новиот албум само прави контpaефект, ме вoзнемирува и одбива. Работата на албумот е при крај, секој ден сме во студио, екипата и јас вредно работиме албумот конечно да го завршиме. Знам дека долго чекате, но имајте малку разбирање. Оваа година беше во знакот на корона, минатата година ја изгубив мајка ми која ми беше сé во животот, пред тоа поминав низ страшен медиумски прогон и нaпад на моето семејство. Разберете дека не е лесно во оваа земја да создавам и снимам, бидејќи постојано сум напаѓана, омаловажувана, оспорувана и забранувана“, пишува популарната пејачка и додава.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Но и покај сето тоа, успеав да направам и да постигнам да ме препознаваат ширум светот. Што ќе беше да имав поддршка, а не само ножеви во грбот? Никој не може да каже дека 25 години не ги поместувам границите и не поставува нови стандарди во оваа сиромашна земја.“

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Кадри од мојот концерт се во филм што доби Оскар“, истакна таа во своето обраќање.

Таа на крај повторно ја замоли својата публика да се стрпи уште малце и дека албумот е пред крај, и како што вели таа, кога ќе тргне нема да остане камен на камен. Целата порака што Карлеуша ја објави можете да ја прочитате од фотографијата што следува, но и да погледнете дел од нејзиниот настап во Охрид, како и уште неколку нејзини неверојатни модни комбинации.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
(Visited 164 times, 1 visits today)