Нема да ви се верува колку потрошила Карлеуша за слабеење – и НЕ се во прашање ригорозни диети, туку нешто потполно друго

Дванаесет илјади евра за инјекции

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Карлеуша драстично ослабна и ја донесе својата линија до совршенство.

Сепак, не е во прашање само здравата исхрана и тренинзите, пренесуваат српските медиуми.

Имено, пејачката успеала да ослабе благодарение на инјекции што ги добила од Америка, а за кои издвоила дванаесет илјади евра. Пејачката наводно пред неколку месеци ги порачала препаратите, односно хормонските инјекции кои се наменети за намалување на апетитот.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Јелена е висока жена, а како што тоа оди со годините, таа е склона кон дебелеење. Тоа е болка за повеќето жени откако ќе ја поминат 30-тата. Сега конечно успеа да ослабне и долго време ја одржува својата линија. Овој коктел од хормони го намалува апетитот, ја подобрува способноста на организмот да ги апсорбира шеќерите. Ваквиот начин на вбризгување на хормони нема нус појави“, вели извор близок на познатата српска пејачка, а пренесе Курир.рс.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

И токму затоа што нема несакани ефекти, Карлеуша порачала за себе четири инјекции и секоја чини по три илјади евра.

 

(Visited 300 times, 1 visits today)