Таа денес не личи на себе
Атрактивната Лариса Рикелме го освои светот со своите бујни гради додека навиваше на трибините за време на Мундијалот, а потоа исчезна.
Оваа згодна Парагвајка на многумина им е асоцијација на Мундијалот од Јужна Африка 2010 кога ја бодреше својата екипа од трибините а мобилниот телефон цело време го држеше во градите.
Но нејзината навивачка кариера набргу беше завршена.
Таа во 2013 се омажи за Џонатан Фабра, парагвајски фудбалер со кого денес има ќеркичка. На кратко заплови и во актерските води, отвори свој блог и за себе денес вели дека е инфлуенсерка, а судејќи според коментарите многумина се разочарани како таа изгледа денес.
Нејзиниот последен проект беше серијата „Antes del mediodía“ од 2015 во која бринетата се глумеше самата себе, а пред три години учествуваше и во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Таа во моментов живее во Мексико каде се пресели заедно со сопругот минатата година кој сега игра во фудбалскит клуб Лобос.
Еве како таа изгледа денес …
https://www.instagram.com/p/BphTuJOl-N9/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BpcZhcIFIVE/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BpUu2T1DTMF/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bo1iU-pDVEG/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BoR4UM6naVY/?utm_source=ig_embed