Нема дама што не би сакала да ги има овие сандали, но за жал само НАЈБОГАТИТЕ ги имаат – еве како ги носат Цеца и Карлеуша

И популарната пејачка Јелена Карлеуша има сандали со какви овие денови се пофали и Цеца Ражнатовиќ, а кои важат за омилени на богатите дами.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Популарната фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ неодамна се пофали со своите нови сандали што ги купи и веднаш беше јасно дека е во прашање тренди модел.

Имено, моделот со кој се пофали фолк пејачката важи за еден од омилените на многу вљубенички во модата, а меѓу нив и на Јелена Карлеуша.

Во прашање е модел од познатата модна куќа „Bottega Veneta“, а токму во модел од овој бренд Карлеуша се прошета во Париз.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Имено, поп-дивата носеше црна варијанта на почетокот од септември кога со своите ќерки беше во Париз.

Фото: Инстаграм/ Маша Терезиќ

Маша Терезиќ пак за свадбата на својот брат Константин носеше розов модел, додека Цеца за себе избра металик модел.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фолк ѕвездата овие светкави сандали кои се хит во целиот свет ги купи додека беше во Виена заедно со својата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Во прашање е стејтмент модел кој покрај кристалите е впечатлив и по луксузната кожа, лентите кои се врзуваат околу нозете и коцкестиот преден дел.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

На официјалната страница на „Bottega Veneta“ овој модел чини 1100 евра и Цеца очигледно не е единствената што се вљубила во нив.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Погледнете како изгледаат и останатите модели од новата колекција на овој светски познат бренд.

 

(Visited 234 times, 1 visits today)