Нема воведен карантин: Корејците се пред победа над коронавирусот, а ова е нивниот рецепт

Денес во Јужна Кореја дневно заболуваат само по 10-на луѓе.

 

Јужна Кореја во голема мера да го победи вирусот.Во оваа земја нема воведен карантин, што е единствениот случај во светот.На врвот на епидемијата во оваа земја биле забележани над 900 случаи во еден ден, но само за седум дена подоцна бројот на заразени луѓе почнал сериозно да опаѓа.

ADVERTISEMENT

Од „Њујорк Тајмс“ наведуваат дека во Јужна Кореја преку употребата на „агресивно јавно здравство“ успеале да ја победат епидемијата. А, сето тоа успеале да го направат без драконски мерки за ограничување на движењето или пак општа изолација како што е случај во поголемиот дел од европските земји.

Корејскиот рецепт гласи: треба брзо да се интервенира, пред развојот на кризата. Корејските власти им наредиле на фармацевтските компании, само една седмица по првиот потврден случај, да почнат да изработуваат тестови за вирусот, давајќи им полна поддршка.

Градот Њујорк е новиот епицентар на заразата со коронавирусот, зошто тука се регистрирани третина од позитивните во САД, а вирусот се шири пет пати побрзо отколку во другите делови од земјата.

Еден од илјада жители на пошироката територија на градот веќе е заразен, јави координаторката на Работната група за борба против коронавирусот д-р Дебора Брикс.

Густинатата на населението е еден од најголемите проблеми на градот во овој момент, пишува ЊујоркТајмс, додавајќи дека сега процентот на заразени е поголем отколку во Италија.

Причината е градскиот превоз и гужвите во него, исклучително посетените јавни паркови и згради кои изгледаат како кошници.

Гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо им нареди на болниците веднаш да ги зголемат капацитетите за прием на заразени за 50 отсто.

Facebook Comments
(Visited 1.614 times, 1 visits today)
Loading...