Нема бришење! Фолк-пејачката Ирена Спасовска го исцрта телото за цел живот – еве што пишува на нејзините тетоважи

Познатата македонска фолк пејачка Ирена Спасовска неодамна се пофали со своите нови тетоважи.

Во прашање се две нови тетоважи со кои пејачката го украси своето тело. Едната се наоѓа на предната страна од рамото, додека другата на подлактицата. Во прашање се тетоважи на кои има и текст  кој очигледно има значење за Ирена. На едната пишува „Музиката е мојот живот“, а на другата „Не заборавај да се сакаш себеси“.

ADVERTISEMENT

А како што вели и самата, по 40 години, време е да ги стави своите емоции и приоритети пред оние на другите.

Инаку, Ирена тетоважите ги направи откако се раздели со својот долгогодишен партнер со кој беше во врска цели 13 години. Засега ги нема информирано своите обожаватели дали има промена во нејзиниот љубовен статус, но од новите тетоважи многумина заклучија дека Ирена започнала ново поглавје во животот и дека ставајќи акцент на себе решила да го живее животот со полни гради.

Ирена им посака добра ноќ на своите фанови

Тоа го потврдуваат и нејзините фотографии што ги објавува на својот профил на социјалните мрежи. Пред неполни три месеци објави фотографии на кои се гледа како ужива во Катар во друштво на шеик, а дека во животот и оди убаво и „лесно како песна“ можеме да видиме и од другите објави што редовно ги споделува со своите верни обожаватели.

Facebook Comments
(Visited 2.491 times, 1 visits today)