Немаше ни за кифла, заврши на улица –Македонката што деновиве го ШОКИРАШЕ целиот Балкан конечно си најде работа
Се жалеше дека нема пари и дека е болна, а сега си најде нова работа и ужива.
Поранешната учесничка на „Задруга“ Тара Симов е ќерка на Горан Симов,поранешен македонскиот голман и актуелен тренер на прволигашот ФК Силекс.
Откако продукцијата ја дисквалификува Тара се пожали дека завршила на улица и дека мора да плати казна на продукцијата во висина од 50.000 евра, но сепак сега успеа да се снајде.
– Добила Инстаграм реклама, за еден месец 3000 евра. Треба да рекламира еден производ, а покрај тоа ќе стане и заштитно лице на една босанска телевизија од каде ќе добива додатни 1000 евра, што е 4000 евра за еден месец“ изјавил близок извор до старлетата за „Блиц.рс“.
Тара откако излезе од шоуто за „Информер“ си ја отвори душата и рече дека нема каде да оди, но нагласи и дека не ѝ е првпат да спие на отворено.
– Не сум добро, многу сум бол на. Излегов на рампата без телефон и без никакви работи со мене. Отидов на бензинска пумпа во близина на имотот за да го контактирам татко ми. На овој свет има многу зли луѓе кои сакаат да ми наштетат. Тешко ми е кога ќе погледнам наназад, кога ќе погледнам што се случи и како им беше претставено на луѓето. Се каам што беснеев, но немав друг начин да им покажам дека не сум добро и дека сакам да излезам надвор.
Учесничката во реалното шоу „Задруга 3“, наводно ги навлегувала и заведувала, а потоа и ограбувала несреќниците преку љубовни огласи во договор со неколку нејзини пријатели.
Тара била многу проблематична девојка, немало личност која можела да ја запре кога ќе реши нешто.
И нејзината мајка Мирослава Симов признава дека поради учеството на нејзината ќерка во „Задруга“ се нашла на голема осуда од јавноста и дека не ѝ е баш пријатно кога луѓето негативно коментираат за Тара.
– За жал не можам да ја одбрана од шоуто. Сепак на крајот, после се што направи јас мојата ќерка ја поддржувам, но не сакам шоу надвор од шоуто.
Тажно е што луѓето не сфаќаат дека јас и моето семејство не припаѓаме на „Задруга“ и дека не сме должни поради нејзиното учество о шоуто да трпиме толкав притисок и тортура од јавноста-рекла Мирослава кратко пред нејзината ќерка да боде дисквалификувана од „Задруга“.
– Не е лесно да се примаат закани, грди пораки и погрдни имиња што луѓето ни ги испраќаат секој ден. Имам чувство дека гледачите премногу страсно и со големо внимание ги гледаат реалните шоуа.
Не осудуваат на секој агол, го наметнуваат своето мислење. Кој не е свесен за некои работи и однесувања? Зошто морам да го трпам тоа?-рече тогаш мајката на Тара.
Да потсетиме, Тара Симов неодамна беше дисквалификувана од реалното шоу „Задруга“ по демолирање на луксузната зграда и тепачка.
Па иако нејзината мајка јавно кажа дека ја поддржува во сè, Тара во изјава за „Блиц“ одбила да даде коментар и да каже во каков однос е со својата мајка.
Откако Тара го напушти шоуто, нејзиниот партнер Ненад Алексиќ остана на имотот и го чека разводот од неговта сопруга, додека пак според Тара, останатите учесници му ја полнат главата дека таа не е за него и дека сега е веќе со поранешниот свршеник, таа со сите сили да мупокаже дека не е така, па се обиде да испрати порака со балони дека тоа не е вистина, со оглед на тоа што учесниците во реалното шоу се спречени да комуницираат со надворешниот свет.