Реклама
Наши ѕвезди

Неколку фотографии од Ристо и Васил Шишков што ќе ве потсетат на тоа што значи човек непокор! (фото)

Македонија има со кого да се гордее

Реклама

Објава посветена на татко и син што оставија длабоки и неизбришливи траги полни со непокор и возвишеност во нашата култура

Овие денови на фејсбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов испливаа неколку фотографии од уште две големи македонски легенди кога е театарската и филмската сцена во прашање.

Станува збор за фотографии на кои е Ристо Шишков заедно со својот син Васил Шишков, а под кои пишува дека објавата е посветена на сите нивни брилијантни улоги и трагите што ги оставија, вечно да се сеќаваме на двајцата Беломорци, Македонци, актери и пред се луѓе.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Ристо Шишков е роден на 23 март 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, а умира на 17 јули 1986 година.

Маркетинг

Ристо Шишков во 1979 година е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито.

Принтскрин/ Јутјуб

Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 година заминува во затвор, а умира по кратко боледување по излегувањето од затворот во Идризово, на 46 годишна возраст.

Тој е погребан на 19 јуни 1986 година на истиот ден кога е погребан и поглаварот на Македонската православна црква – Ангелариј.


.
Неговиот син, Васил Шишков, е роден на 30 јануари 1970 година во Скопје, а починува на 44 годишна возраст, на 21 декември 2014 година.

Фото: Фејсбук

По смртта на Васил, актерот Александар Шехтански пред камерите на Канал 5 ќе ја опише тажната судбина на ова актерско семејство.

Фото: Фејсбук

Како што истакна тој, Васил го познава од мало дете, кога имал само 2-3 години и кога останал сам откако мајка му го напуштила, а татко му завршил во затвор. На негови 16 години умира и неговиот татко, а еден ден пред да почине го викнал својот пријател во болницата за да му даде аманет да се грижи за неговиот син.

Неговите последни зборови беа, вели Шехтански, ‘Малешевец, само тебе ти верувам, синот ти го оставам тебе. Грижи се за него и не му дозволувај да се одмаздува’, откри Шехтански пред камерите.

Целото видео погледнете го во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button