Неда повторно го украде вниманието со својата супер линија – елегантниот костим за капење што го носи и стои одлично
Годините не и можат ништо
Една од најпознатите пејачки во регионот и ова лето работи со полна пареа, а секој слободен ден го користи за да се одмори од своите обврски. Таа во моментот е во Црна Гира каде со своето семејство ги полни батериите пред претстојните концерти. Нејзините обожаватели ги развесели со ова фотографија на која е во костим за капење.
Пејачката ужива со своите внуци Александар, Неда и Душан со кои се забавуваше на плажа, но и во рестораните. Покрај својата завидна линија, таа деновиве покажа и дека ужива во коктели. Коментарите што ги доби на сметка на нејзината последна фотографија, беа потполно очекувани – од сите страни и пристигаа само комплименти.
„Одвреме-навреме ќе направам хемиски пилинг што го поттикнува колагенот. Мојата мајка имаше 92 години и се разболе тешко од Алцхајмер, но тоа беше жена што изгледаше прекрасно, Бескрајно сум и благодарна не само затоа што ми даде живот и ми пружи љубов, туку и благодарам и за ваквата градба на телото. Тоа е з мене, жена која има толку години, само од Бога дадено“, откри пејачката во едно неодамнешно интервју за хрватскиот магазин „Т-портал“.