Реклама
Вирално

Невеста беше понижена од мајката на својата свадба: Кога ќе видите што ѝ изнакажа пред сите, подобро воопшто да не ја поканеше

Реклама

Една жена е исфрлена од венчавката на својата родена ќерка откако ѝ одржала брутален говор на идната невеста. Иако венчавката се случила минатата година, приказната дури сега станува вирална, откако говорот стигнал до Редит. Тогашната невеста не била сигурна дали да ја повика својата мајка со која не била во добри односи.

– На крајот попуштив, надевајќи се дека најголемот проблем кој би можела да го направи е да каже дека го жени синот, како што рече на свадбата на мојата сестра, напиша жената.

Маркетинг

Но, она што го добила не било само лапсус во говорот, туку апсолутно дивјачки одговор кој ќе ја прогонува дури и година дена подоцна.

И навистина, и после цела година, ќерката се уште се сеќава буквално на секој збор од мајката.

Маркетинг

– Таа е најсреќна невеста. Наиде на некој кој не го интересира физичкиот изглед, зошто не знам како би си дозволила пластична операција, рекла мајката.

Невестата објаснила дека мајката уште кога била малечка и се потсмевала поради физичкиот изглед.

– Се надевам дека на младоженецот ќе му биде лагодно во ужасниот стан, зошто невестата никогаш нема да може да си дозволи нешто подобро! – рече нејзината мајка пред гостите.

– Добро е што младоженецот ги прифати нејзините грозни медицински проблеми. Се кладам дека не би го интересирала ако болеста и беше дијагностицирана пред да се запознаат! – беше тоа уште еден коментар на мајката од пеколот кој се однесувал на хроничната болест која на невестата и била дијагностицирана минатата година.

Kутрата невеста била надовор од себе.

– Мојот маж и сите гости на свадбата гледаа во мене, чекајќи ја мојата реакција, напиша жената.

Сватовите ги зедоа работите во свои раце откако мајката отишла уште подалеку, нарекувајќи ја својата сопствена ќерка „оштетена стока“. После тоа, малдоженецот се загрижил и и го зел микрофонот. Невестата одлучила да ужива во остатокот од вечерта, а мајката повеќе не ја видела.

Се чини дека целото нејзино семејство имало слично ужасно искуство, зошто и сестрата на невестата ја потврди нејзината приказна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button