Неверство – да се прости или да се возврати: Еве како хороскопските знаци реагираат на овој предизвик во секоја врска

Неверството е предизвик на секоја врска, но бидејќи секоја врска бара искреност на партнерите важно е измамениот партнер за тоа да дознае лично, а не преку посредници или да биде оставен да се сомнева.

Е тука настапува клучниот момент, како различни хороскопски знаци ја доживуваат веста за неверството на партнерот. Некои ќе ја раскинат врската веднаш, додека други повторно ќе ѝ дадат шанса на љубовта која растела со години и нема да ја попречи таков непромислен акт.

ОВЕН

Побеснуваат, викаат и тропаат околу себе, а партнерот ќе го почесту со куп навреди. Не знаете и не сакате да простувате, па веднаш помислувате на развод на брак или конечна разделба.

Неверството го доживувате како личен пораз, поради кој во вас се гаси секаков интерес за партнерот.

БИК

Кога ќе дознаете за неверството, ви треба време за да сфатите што всушност се случило Вашата почетна блокада и чудниот мир со кој ја примате таквата вест, само се затишје пред бура.

Кога ќе ја откриете вистинската состојба на работите, беснеете и навредувате, го бркате партнерот или сами заминувате. Кога бесот ќе ве попушти, подготвени сте да се вратите и почнете од почеток.

БЛИЗНАЦИ

Во моментот кога ќе слушнете дека вашиот партнер ве изневерил, мислите дека само се шегува. Ќе барате докази дали тоа навистина се случило и дури кога ќе сфатите дека тоа е вистина, почнувате со хистеријата.

Но со оглед на тоа што вашата лутина кратко трае, знаете на партнерот да му простите и да му прижите прилика за нов љубовен почеток.

РАК

Прељубата кај вас остава трајни последици. Ако изневери вашиот партнер, во секоја следна врска ќе бидете внимателен, во секоја следна фаза ќе бидете оптоварени со мисли дека такво искуство повторно ве чека.

Бидејќи обожувате деца и по секоја цена сакате да го соберете семејството, подготвени сте и да простите и да поминете преку тоа.

ЛАВ

Освен што се повредени, оптоварени сте од потсмевот на околината и свеста дека во очите на другите е срушена идеалната слика за вашиот брак или врска.

Иако по природа сте великодушен, тешко дека на партнерот некогаш повторно ќе му верувате, а најмногу поради тоа подготвени сте да го оставите.

ДЕВИЦА

Кога ќе дознаете за неверството, веднаш ќе ангажирате адвокат за да дознаете шт ќе добиете со разводот, а што губите.

Смирено, како тоа да му се случува на некој друг, ќе настојувате во својот живот да воведете нов ред и смисла, но без вашиот партнер.

ВАГА

Ќе настојувате да ги сфатите мотивите за неверството на партнерот и дипломатски ќе се обидете да го решите проблемот. Знаете да простувате под мотото дека човечки е да се греши.

Дури и кога ќе сфатите дека таа љубов ја нема повеќе, останувате врзани со пратнерот борејќи се за продолжување на односите.

ШКОРПИЈА

Веднаш ќе сакате да дознаете која е таа личност која ви го узурпирала приватниот живот, и како и да било – да и се одмазите.

Истиот момент завршуваат сите ваши физички и чувствителни врски со партнерот. На раскинување сте подготвени без огледа дали се работи за врска или брак во кој имате деца.

СТРЕЛЕЦ

Се обидувате да ги сфатите и да ги разберете причините поради кои дошло до неверство.

Нема веднаш да размислувате за развод или прекин, туку ќе се обидете со партнерот да разговарате, за заеднички да увидите колку тука има љубов и можност да се исправат грешките.

ЈАРЕЦ

Ќе ја поднесете дрскоста на партнерот и несогласување со него, но неверството никогаш! Без испрашување зошто воопшто дошло до тоа, го напуштате партнерот без да ви падне на памет смирување.

Целиот настан ќе се обидете да го заборавите, но тој, како ноќен кошмар ќе ве следи уште долго.

ВОДОЛИЈА

Свесни сте дека неверството е честа појава во густиот промет на љубовни врски и бракови, па тоа нема да ве шокира.

Можеби ќе се обвинувате себеси зошто пропагирате слобода во врската. Нема само така да ја прекинете врската, па дури и вашиот интерес и разбирање за парнтерот ќе зајакне.

РИБИ

Толку се врзувате за партнерот што на неговото неверство понекогаш останувате слепи.

Не сакате да ја видите вистината и фактичка состојба, а ако вам таа вистина болно ви ја сервира партнерот, ќе направите хистерија и ќе паѓате во депресивна состојба, но нема да го оставите партнерот дури и ако знаете дека не сте сакани.

Facebook Comments
(Visited 114 times, 3 visits today)