На 14 години родила дете, а потоа се разведе и беше чистачка – контроверзната пејачка која вечерва настапува на Евровизија

Тамта оваа година ќе го претстави Кипар на Евровизија

Тамта има 38 години, а родила дете кога имала само 14 години. Таа ќе настапи вечерва, на првата полуфинална вечер, со песната Replay.

ADVERTISEMENT

Тамта е родена во Грузија каде ќе го помине своето детство. На 14 години ќе се запознае со две години постаро момче за кое набргу ќе се омажи и ќе ја роди ќерката Ана која денес има 24 години. По шест години ќе се разведе, а во животот најмногу ќе и помогне нејзината мајка

„Да не беше мојата мајка, јас немаше да успеам“, откри пејачката во една пригода.

Кога наполнила 22 години таа ќе се пресели во Грција каде што со својата мајка чистела по куќи. Во 2003 ќе се појави на грчкиот „Супер идол“ и ќе заврши на второто место. Но тоа беше неверојатен успех за неа бидејќи се пријавила откако ја убедиле луѓето кај кои што чистела.

View this post on Instagram

7/2/19

A post shared by Tamta (@officialtamta) on

 

Веќе со години сака да се појави на Евровизија, а во 2007 година беше на третото месо со песната „With Love“.

Симпатичната пејачка во 2014 и 2015 година беше член на жирито на грузиската верзија на „Икс Фактор“, а мошне позната е и на социјалните мрежи каде редовно објавува интересни модни фотографии.

Повеќе фотографии погледнете во продолжение…

А еве ја и нејзината песна:

 

 

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 164 times, 1 visits today)