На свекорот и свекрвата никогаш не им дозволувам да ги гледаат внуците, и никогаш нема: Еве зошто!

За односите меѓу членовите на семејството, посебно по доаѓањето на нов член, може да се расправа со часови, денови, а можеби и недели. Ги има секакви, од хармонични до потполно деструктивни и катастрофални.

Но, што е потребно да се случи за една снаа  да не им дозволи на бабата и дедото никогаш да не си го видат своето внуче? Една жена која сакаше да остане анонимна, ни ја откри причината за ваквата одлука.

ADVERTISEMENT

„Се омажив за маж од богато семејство. Тoа не беше одлучувачки фактор. Го сакав и го обожавав животот со него.

Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме независни, сами да имаме слобода. Од самиот почеток на планирањето на заедничкиот живот, се сложивме дека сакаме да имаме своја куќа, па двајцата тргнавме кон таа цел. Го штедевме секој денар. Двајцата работевме, со години не одевме на одмор ниту можевме да си дозволиме за себе некаков поголем шопинг или луксуз.

Колку и да се трудевме, немавме доволно за учество. Поради сето  тоа ја одложувавме и бременоста. Сакавме да имаме барем нешто свое кога ќе дојде бебето, иако се ќе биде на кредит.

Во една прилика го посетивме семејството на сопругот и тие по којзнае кој пат не прашаа кога ќе добијат внуче. Искрено им рековме – кога ќе имаме свој покрив над главата. Им рековме и дека немаме ниту доволно пари за учество. Свекрвата само „сочуствително“ климаше со глава. Имаа да ни дадат. Но се правеа дека немаат.

Месец дена подоцна, дознав дека сум бремена. Не планиравме. Одлучив да одиме кај свекорот и свекрвата и  директно и без заобиколување ги замолив да ни позајмат пари.

Маж и јас им ги соопштивме убавите вести, а на нивната среќа и немаше крај. И тогаш им рековме дека ни се потребни пари на заем за учество за кредит. Лицата одеднаш им се сменија, го немаше повеќе изразот на среќа поради внучето.

Свекрвата праша од каде ни е идејата дека тие имаат толку пари. Го завршивме разговорот.

По месец дена, свекорот на мојот маж, својот сим пресреќен му соопшти дека конечно си купил џип. Бев навредена до срж. Тогаш му реков дека неговите родители нема никогаш да го видат своето внуче.

Се сложи и тој и не им дозволи. Разумот му налагаше само едно – дека не заслужиле, а душата нешто сосема друго – да им прости.

Како да им дозволам да го гледаат? Поради тоа дете баравме пари на заем, а ним им беше поважен новио, имаа сосема добро возило и претходно! Не сакам моето дете да ги запознае таквите роднини.

Бременоста брзо помина, се породив, а ние и натаму се надевавме дека неговите родители ќе се предомислат и дека детето ќе го внесеме во наша куќа. Не се случи тоа.

По шест месеци успеавме да собереме доволно пари  за учество и зедовме куќа на кредит. Но, мојата желба на свекорот и свекрвата да не им дозволам да го видат детето секој ден е се посилна. Што ќе му се таков дедо и баба?

Секој ден се сеќавам дека џипот им беше поважен од внучето и синот, и единствено не можам да им попуштам. И нема“, заклучува оваа жена.

Facebook Comments
(Visited 1.987 times, 1 visits today)
Loading...