На пејачката ѝ се случи страшна трагедија – остана без родителите пред почетокот на „Ѕвездите на Гранд“
Таа успеа да ја оствари желбата на својата мајка која почина во текот на минатата година
На пејачката и се случи страшна трагедија пред почетокот на „Ѕвездите на Гранд“ – остана без двајцата родители
Ѓорѓе Давид веруваше во неа, па реши и оваа година да ја покани во „Ѕвездите на Гранд“, а таа едноставно не можеше да го одбие.
Станува збор за Николина Перковиќ, финалистката на која пред почетокот на сезоната и се случи страшна семејна трагедија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Николина е родена 1986 година во Клис, место во близина на Сплит, а во шоуто се пријави со цел да стигне до финалето и на тој начин да ја оствари желбата на нејзината покојна мајка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, претходната година за оваа неа беше мошне тешка – Николина ја изгуби мајката, но и очувот со кого беше исто така многу поврзана по загубата на нејзиниот татко кога имала само пет години.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мојата желба беше да дојдам до финалето идејќи претходно бев во четвртфинале. Желбата на мојата мајка беше да дојде до финале со мене како придружба, па ете ако таа не може да дојдам барем јас и да ја испочитувам та приказна што ми остана во сеќавање кон неа. Тоа ми е желба, победата знам дека е тешка“, изјави пејачката за Слободна Далмација пред финалето.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Николина се огласи и по финалето откривајќи дека е задоволна од она што го постигнала во шоуто, но и дека за нејзиниот сопруг и нивните две деца таа е победничката, иако во финалето беше последна.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа е и мајка на пет и петнаесетгодишно дете и отсекогаш истакнувала дека токму сопругот и децата се нејзината најголема поддршка. Покрај пеење се занимава и со бизнис – преку недели работи како менаџерка во една градежна фирма, а преку викенди настапува.