На ова дете му даваа само два месеци живот, но се случи чудо …

Туморот го беше зафатил целиот рбет на Рајан, па докторите предвидуваа дека шансите да преживее се само пет отсто.

Рајан Севиџ е тринаесетгодишно момче од Билингем, Англија. Тој имаше само три години кога докторите му открија дека има неуробластом во завршен стадиум.

ADVERTISEMENT

Во прашање е редок, но тежок вид на рак што се јавува кај бебиња и мали деца и кој настанува во нервното ткиво, па затоа докторите на Рајан по воспоставената дијагноза му даваа најмногу два месеци живот.

Откако му беше поставена дијагнозата, Рајан беше на исцрпувачка хемотерапија, а потоа беше и опериран кога му беше отстранет поголемиот дел од туморот. Потоа болеста се повлече, но две години подоцна му беше откриен нов тумор во градниот кош, а докторите на неговите родители ги предупредиле дека тоа е еден од најтешките случаи што го виделе досега.

Но храброто момче и овој пат се избори со болеста. Со години одеше на хемотерапија и повеќе пати беше опериран пред неговите родители, мајката Лиса и таткото Тим, како и сестрата Ени, да известат дека болеста се повлекла.

„Малите деца не се заслужиле да и се одземе драгоцен период од најраното детство, ниту над главата постојано да им виси опасноста дека болеста ќе се врати.

Но потребно е уште многу истражувања за да се спречи децата да патат како што патеше Рајан“, вели мајката и додаде дека ја боли срцето и од самата помисла на сите деца што овој Божиќ боледуваат од истата болест.

Поради тоа Рајан учествува во божиќната кампања на организацијата „Neuroblastoma UK“, надевајќи се дека неговата приказна ќе успее да собере доволно средства за истражување на рак кај децата и да помогне и на другите деца да се соочат со оваа тешка болест. „Мојот син е мојот јунак, мојот борец и инспирација“, вели мајката Лиса.

Facebook Comments
(Visited 36 times, 2 visits today)
Loading...