На нашата Пинк ѕвездичка тесното боди и стои феноменално и покрај трудничкиот стомак – никогаш не изгледала поубаво
Младата македонска пејачка се пофали како изгледа во третото тромесечје од бременоста и ги изненади сите.
Нашата позната пејачка Антониа Гиговска ужива во бременоста што може да се види и од фотографиите што ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, идната мама објави неколку фотографии со кои покажа како изгледа нејзиниот труднички стомак и ги изненади сите.
Облечена во тесни фармерки и шарено боди таа позираше со широка насмевка, а објави фотографија и од својот сакан.
Гиговска позираше и во црно од глава до пети, додека разголениот труднички стомак беше во преден план.
Многумина се воодушевени од тоа како изгледа, па следуваа голем број лајкови и комплименти во коментарите.
„Трето тромесечје мама и денес се изненадив кога го облеков бодито, уште ми е точно“, напиша таа под фотографиите.
Инаку Гиговска и претходно позираше со разголеното трудничко стомаче, но тогаш пред огледалото и само во градник.
Таа не крие дека ужива во бременоста, а на еден загрижен коментар на нејзина обожавателка пејачката одговори:
„Драга, верувајте му дека уживам и сум посреќна од кога било. Нека не ве лаже една слика на мојот Инстаграм, никогаш во животот олку не сум седела дома. Време за себе имам колку сакам и кога сакам“, напиша младата пејачка и и’ се заблагодари на советот и и’ посака секое добро.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска