На многу Македонки од овие сандали им се крева косата на главата – но погледнете, оваа дама изгледа неодоливо во нив

Доколку на враќањето на платформите гледате со гадење, ова издание на Сиена Милер ќе ве натера да го промените мислењето.

Имено, секогаш стокмената британска актерка при посетата на Филмскиот фестивал во Довил избра сандали со платформа и покажа зошто овој модел и те како би можел да биде вашата следна добра инвестиција.

ADVERTISEMENT

Згодната актерка носеше маица без ракави и со висока јака во морнарско сина боја која што ја комбинираше со плисирано бело миди здолниште, а целото издание го заокружи со впечатливи сребрени обетки и очила за сонце со тренди облик во форма на мачкини очи.

Сепак она што најмногу остави впечаток во ова нејзиното преубаво издание беа одличните темни сандали со платформа од „Гучи“ со црвено-бели ремени.

Можеби најдобрата работа кај платформите е тоа што и покрај ваквите високи потпетици изгледаат мошне женствено и лежерно, а покрај тоа и мошне се удобни за носење и допринесуваат за висината.

Инаку, покрај фустани и здолништа, тие подеднакво добро стојат и на панталони и фармерки ѕвонарки.

Facebook Comments
(Visited 11 times, 1 visits today)