На многумина не им се верува која беше последната бринета со која го ПОБРЗУВАА синот на Брена пред да се повлече од јавноста
Последната девојка со која српските медиуми го поврзуваа синот на Брена денес е мажена и има син.
Стефан Живојиновиќ, синот на познатата фолк пејачка Лепа Брена и поранешниот тенисер Бобан Живојиновиќ, веќе долго време го нема во јавноста.
Тој самиот реши да се повлече во медиумски мрак и покрај тоа што беше на почетокот на својата музичка кариера.
И откако тоа го направи, Стефан речиси воопшто се нема појавено на ниту еден настан, па дури ни на оние најважните што во изминатиов период ги организираа неговите познати и богати родители.
Што се однесува пак до неговата девојка, тоа и денес е строго чувана тајна, а се пишуваше само дека живеат заедно и дека се вљубени.
И додека за неговиот сегашен емотивен живот не се знае речиси ништо, списокот на девојки од јавната сцена со кои порано го поврзуваа Стефан е поприлично долг, а последната бринета која според пишувањето на медиумите го имаше освоено неговото срце, е мажена и има син.
Имено, како што пишува српскиот „Стори“, на самиот врв на овој список се наоѓа една девојка која денес е поприлично популарна.
Во прашање е една од сестрите Родиќ која воедно беше и една од последните дами со кои го поврзуваа синот на Брена.
Се работи за средната сестра Бојана која медиумите ја спојуваа со Стефан токму во времето кога Вељко Ражнатовиќ, синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, и помладата нејзина сестра Богдана, се заколнаа на вечна љубов.
Стефан на почетокот не се огласуваше во врска со овие гласини, но по некое време сепак реши да се огради од нив.
„Бојана и јас се познаваме, пријатели сме, па веројатно и заради тоа пишуваа дека сме во врска. Навистина никогаш не би барал популарност на таков начин, да не помисли девојката дека тоа доаѓа од моја страна“, изјави Стефан своевремено за „Ало“, а потоа го додаде и следново:
„Можеби не е страшно кога си машко и нон-стоп те поврзуваат со некои девојки, но морам да признаам дека тоа во последно време малку ми пречи“, беше потполно искрен тогаш Стефан.
По некое време тој потполно се повлече од јавниот живот, па идентитетот на неговата девојка остана мистерија.
Бојана пак, недамна се ствари во улога на мајка кога заедно со Мирко Шијан го добија својот син Зоран.
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ