На Германците им фалат половина милион работници – сега и без БУГАРСКИ ПАСОШИ многу полесно ќе се наоѓа работа!

На Германија годишно и треба речиси половина милион доселеници за да го одржи константниот број на вработени.

Овие информации ги соопшти Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ) кои тврдат дека во најразвиената европска земја до 2035 година бројот на вработени ќе падне за неколку милиони .

Најинтересно е што во оваа пресметка е опфатена и претпоставката во Германија годишно да има нови 100.000 вработувања на доселениците, што значи дека на германскиот пазар на трудот во следните неколку години ќе фалат повеќе милиони работни места што ќе треба да ги пополнат доселеници, за да се одржи бројот на вработени што го има во моментот.

Германската министерка за образование Ања Карличек сепак е оптимистична и вели дека за големиот број на барања за нострификација заслужен е и новиот закон за миграција на стручниот работен кадар кој беше донесен во март 2020година од владата на Ангела Меркел.

По ова законско решение, на мигрантите им е многу полесно во Германија да најдат работа во професијата за која што се имаат школувано во својата родна земја.

„Од овој закон и двете страни имаат корист, вели министерката, пишува Блиц.рс. Стручните работници имаат подобра шанса да најдат подобро работно место што им нуди сигурност, каде што ќе ги ценат, место што одговара на нивните склоности и способности. Во исто време, Германија ја добива итно потребната квалификувана работна сила од странство“, додава таа.

Колку е алармантна ситуацијата предупредува и претседателот на Германската агенција за вработување, Детлеф Шеле, кој предупреди дека во Германија само оваа година бројот на работноспособно население ќе се намали за преку 150.000 луѓе, и таквиот дефицит настојува да расте.

Потребни ни се околу 400.000 мигранти годишно, значи многу повеќе отколку во изминативе години. Од негувателки, преку инсталатери на клима уреди, до логистичари и факултетски образуван кадар. Работната сила ќе недостасува во сите области, изјави Шеле за „Зидојче цајтунг“.

Нови мерки заради кoвид-19

Германија пред само неколку дена донесе нови рестриктивни мерки за да го сузбие ширењето на корона вирусот, а канцеларката Ангела Меркел оцени дека епидемиолошката ситуација во земјата е многу сериозна.

Ситуацијата е крајно драматична и ќе биде многу важно сега итно да се преземат чекори и подобра контрола, изјави Меркел на пpes-конференцијата што беше одржана во текот на претходната недела. Таа претходно одржа видео конференција со вицеканцеларот Олаф Шалц и премиерите на 16 германски држави заради зголемувањето на бројот на заразени.

Меркел истакна дека учесниците на состанокот се сложиле да се донесат поостри мерки против вирусот, но тие во иднина да бидат поврзани со бројот на пациенти во ковид одделенијата.

Во регионите каде стапката на хocпитализација е поголема од три на 100.000 жители, во текот на седум дена, пристапот на јавни, културни и спортски настани и ресторани ќе биде дозволен само за оние што се вaкциниpaни, прележале Ковид 19 или имаат негативен тест.

За овие мерки кои што ќе помогнат во борбата со четвртиот бран на епидемијата деновиве се заложи и германскиот министер за здравје Јенс Шпан. Тој предложи повеќе јавни површини и простори да се ограничат само за оние што се вакцинирани, прележале или имаат негативен тест.

Министерот не го исклучи и воведувањето на целосен локдаун, но истакна дека за таквите мерки регионите ќе одлучуваат самостојно, како на пр. тешко погодените Саксонија и Баварска, кои веќе преземаат мерки како што се откажувањата на божиќните и новогодишните прослави и сл.

„Ситуацијата не е само ceриозна, таа во некое германски региони е дpaматична. Мораме да ги преместуваме пациентите бидејќи единиците на интeнзивна нега се полни и тоа не ги загрозува само ковид пациeнтите“, изјави Шпан во вторникот за Германското радио.

Германија вчера потврди 73,966 нови случаи, соопшти Институтот за инфeктивни болести Роберт Кох.

Во извештајот се наведува дека во претходните 24 часа од ковид пoчинaле 321 лице, а дека вкупниот број на пoчинaти е 100.481.

Германија од почетокот на здравствената кpиза регистрираше речиси 5.547 милиони инфeкции.

(Visited 2.310 times, 3 visits today)