На Атиџе и се случуваат само убави работи откако се дружи со ТУРУНЏИЕВА– пријателство на кое се радува цела Македонија

Од моментот кога за првпат ја видовме, па се досега таа доживеа огромна трансформација.

Освен што физичкиот изглед го промени, се промени и нејзиниот живот и тоа на подобро.

За таа причина најголем виновник е нејзината пријателка Сузана Турунџиева.

Хероината на Медена земја, Атиџе Муратова доби и „нова насмевка“ односно заедно со Сузе тие заминаа на стоматолог кој се погрижи за нејзините заби.

Фотографија со новата насмевка на Атиџе сподели Сузе на својот Инстаграм профил и напише:

„Не постојат случајни насмевки. Постојат само насмевки за кои се заслужни добрите стоматолози“ напиша Сузе.

Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева

Видно променета и среќна Атиџе позираше со широка насмевка покрај стоматологот и нејзината пријателка Сузана.

Секако на ова никој не остана рамнодушен, па се редеа коментари и лајкови.

Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева

„Секоја чест на двете, толку сте посебни и ми праќате позитивна енергија … Ве чувствувам како вие цел живот да се знаете“ гласеше еден од коментарите.

Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева

Од моментот кога се сретнаа, па се досега тие се неразделни, а Сузе направи сè што може за да и го промени животот на Атиџе на подобро.

Двете дами неодамна снимија и песна, а пред две недели го промовираа и спотот за песната кој ја покажа целосната трансформација на медената Атиџе.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Зборувајќи за нивното пријателство Сузана вели дека сака да трае и да останат заедно засекогаш, додека е жива.

-Не и ветив на Атиџе, но јас во себе си реков, ќе се потрудам остатокот од нејзиниот живот да биде подобар, рече Сузана.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Атиџе како и секогаш зборуваше дека е многу благодарна за сè што има откако ја запознала Сузана и вели дека се е сменето на подобро, но нагласи дека како што сега неа и помагаат посакува и таа еден ден да има шанса да помогне на другите.

Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева
Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева
Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева
Фото: Инстаграм / Сузана Турунџиева
(Visited 1.010 times, 1 visits today)