Најчести грешки со фризурата после 40-тата година: Неколку совети за долга коса со која нема да изгледате постаро

Многу жени не сакаат да се одречат од долгата коса дури и кога ќе ја поминат 40-тата година.

Од друга страна, фризерите често предупредуваат дека долгата коса ни „додава“ години и советуваат скратување на косата.

Каде е тогаш вистината? Како да ја задржиме должината на косата која ни овозможува да ја подигнеме, да врземе репче, да направиме пунџа:

А притоа да останеме младолики и да не изгледаме демодирано?

Клуч за тоа, тврдат стилистите за коса, не е само во обичната должина туку и во останатите елементи од фризурата.

1. Не инсистирајте на преголема должина

Во зависност од квалитетот на косата, нејзината густина и текстура, должината сепак мора да се ограничи.

Тоа е онаа црта на која од целиот волумен на косата остануваат само „праменчиња“, а косата повеќе нема ниту живот ниту виталност.

2. Не одбегнувајте степенесто шишање

Како што расте косата, можно е на одредена должина да добие и тежина и во долниот дел да добие форма на превртен триаголни. Тоа посебно се случува кога имате виткана, брановидна или исклучително долга коса.

3. Не користете премногу лак за коса

Претераното третирање на косата со лак може потполно да ја уништи фризурата.
За долга коса најубави квалитети се лелеавост и животс, а ако премногу ја прскате со лак, може да делува како некој шлем.

Попрскајте малку лак на коренот од косата за да добиете волумен, но должината оставете ја да паѓа слободно.

4. Не се спротивставувајте на секоја промена

Никој не треба да ја прифати промената само поради промена.

Меѓутоа, ако подолго од 20 години носите иста фризура, сигурно сте во ризик да делувате старомодно. Тоа не мора да значи дека треба да ја смените должината на косата.

Можеби ќе биде доволно да го смените типот на шишките, да ги потскратите прамените покрај лицето и слично на тоа.

5. Размислете за промена на бојата на косата

Колку и да сете задоволни со својата фризура, ако сакате да ја задржите истата должина, мора да нанесете промена со шатирање или фарбање.

Дури и ако имате побелена коса и сакате да ги скрието своите бели влакна, можеби ќе посакате да ги истакнете! Денеска е многу популарна токму варијантата „сол и бибер“ шатирање и ја применуваат многу дами кои имаа побелена коса.

И не само тоа – побелената коса е популарна и меѓу многу помладите жени.

Во зависност од типот на коса, задолжително сменете го шампонот и регенераторот ако косата, која белее, станала поостра.

(Visited 288 times, 1 visits today)