Најубо е во прегратките на мама – Меган прв пат се прошета со бебето во јавност (фото)

Војвотката од Сасекс пред два месеци се породи

Меган Маркл и принцот Хари пред два месеци станаа родители на машко дете. Тие претходната недела во тајност направија крштевка за малиот Арчи на која присуствуваа само најблиските членови од семејството, а деновиве будното око на папараците го фати првото излегување на бебето со мама.

ADVERTISEMENT

Наследникот на Меган Маркл и принцот Хари присуствуваше на поло натпреварот во која учествуваше и неговиот татко и принцот Вилијам, а со неговата мама во публиката беше и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Кејт беше во друштво на своите три деца, додека поранешната актерка бебенцето го држеше во рацете.

Таа постојано го гушкаше и бакнуваше, а некои медиуми тоа го протолкуваа како обида да привлече внимание.

Како и да е, од фотографиите можеме да забележиме дека кралското семејство имаше одличен ден со најблиските.

Facebook Comments
(Visited 130 times, 1 visits today)