Најубавото девојче на светот наполни 18 години
Веќе 12 години, целиот свет ги гледа фотографиите на Тајлин Блонду од Франција, кога имаше само шест години и кога светските медиуми ја прогласија за најубаво девојче на целиот свет. Таа стана полнолетна во петокот, а некои се уште ја сметаат за најубава девојка на светот.
Тајлин стана модел кога имаше само четири години, а на само десет години позираше и се појави на насловната на Вог. Но тогаш многумина се згрозија од фотографиите што беа објавени во магазинот и целата приказна беше проследена како сексуализација на малолетното девојче.
https://www.instagram.com/p/Bv4FZz4lSuR/?utm_source=ig_embed
Оваа убавица во петокот наполни 18 години и денес е успешна манекенка и модел, и покрај тоа што своевремено многумина и замерија на нејзините родители дека на детето му го уништуваат животот бидејќи и дозволија да живее како модел од најраното детство.
Таа сподели своја фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм и им се заблагодари на сите за честитките, а исто така ја искористи можноста да каже колку е среќна и задоволна заради се што и се случува во животот.
https://www.instagram.com/p/BstCNGJhyvW/?utm_source=ig_embed
Фотографиите на нејзиниот профил на социјалните мрежи покажуваат дека таа од најубавото девојче стана една од најубавите жени на светот, а покрај кариерата како манекенка започна и сопствен бизнис со облека.
https://www.instagram.com/p/Bp5LcXeFMnd/
На Инстаграм ја следат од 3 милиони луѓе, и веќе учествуваше во шоуто на најголемите светски брендови.