Најубавите цитати од Малиот Принц: „Оној што оди само право, нема НИКОГАШ да стигне далеку.“ „Само кога гледаш со срцето …“

„Малиот Принц“ е дело полно со емоции, топли пораки и љубов

Книгата „Малиот Принц“ е една од најпреведуваните книги на светот. Таа е преведена на пoвеќе од 250 јазици и дијалекти, а годишно се продаваат повеќе од два милиони примероци. Прогласена е и за најдобра книга на 20 век во Франција. Во прашање е дело на Антоан де Сент-Егзипери кој ја напишал само година дена пред да почине, во моментите кога бил изморен од личните демони и лошото здравје. Но надежта и емоциите што ги внел во приказната за малиот принц кој доаѓа од далечна планета, ги отсликаа неговите визии за љубовта, пријателството, романтиката, фантазијата

ADVERTISEMENT

За децата и возрасните

„Сите возрасни некогаш биле деца… Но само неколкумина од нив се сеќаваат на тоа.“

„Возрасните ги сакаат броевите… Кога ќе им кажеш дека си сретнал нов пријател, никогаш не прашуваат ништо важно – како му звучи гласот, кои игри ги сака… Наместо тоа прашуваат – колку години има, колку е тежок, колку неговиот татко заработува? И само од тие бројки, мислат дека знаат нешто за него.“

„Живеев меѓу возрасните. Ги имам видено лично, одблиску. Но тоа не го подобро моето мислење за нив.“

„Луѓето во возовите спијат или зеваат. Само децата го притискаат носот покрај стаклото на прозорот, само децата знаат во што гледаат.“

„Детството е друга земја, но и чекална, место за прифаќање и сместување.“

Погледнете како изгледало првото издание на книгата

За љубовта

„Времето што го имаш изгубено заради една ружа, токму тоа ја прави важна!“

„Човек добро гледа само со срцето. Она што е важно, за очите е невидливо“.

„Кога нешто ќе скротиш, засекогаш стануваш одговорен за тоа“.

„Убава си, но празна. Никој не би сакал да умре заради тебе“.

За луѓето, односите и пријателството

„Она што ја прави пустината да биде прекрасна, е фактот дека некаде во себе го крие изворот“.

„Морам да го издржам присуството на неколку гасеници, ако сакам да ги запознам пеперутките“.

Кратко упатство како да го нацртате Малиот Принц

„Зборовите се извор на недоразбирањата“.

„Луѓето купуваат работи кои ги чекаат готови во продавници. Но никаде не постои продавница во која можеш да купиш пријателство.“

„Ништо не си оди сѐ додека не нѐ научи она што треба да го знаеме“.

„Најубавите нешта во светот не може да ги видиме и допреме, туку само да ги почувствуваме со срцето“.

„Човекот е осамен и меѓу луѓето“.

„Децата мора да им простуваат многу на возрасните“.

„Од секого треба да се бара само она што тој може да даде“.

„На човекот никогаш не му е по волја, ма каде и да е тој.“

„Децата мораат многу работи да им простат на возрасните.

„Вообразените луѓе секогаш слушаат само пофалби.

„Само децата знаат што бараат.

„Многу е потешко да судиш на самиот себеси отколку на другите. Ако успеете да бидете добри во тоа, значи дека сте вистински мудрец.“

Facebook Comments
(Visited 101 times, 1 visits today)