Најубавите кујни за мал, но и за нешто поголем простор

Многу често во магазините и порталите можат да се видат кујни кои со својот дизајн ќе ви го одземат здивот.

Кујна во форма на буквата „L“

Некои од нив се истакнуваат заради оригинален и впечатлив елементи кој им дава посебен шарм, други заради функционалности и својата убавина. Денес во фокусот ни се кујните во форма на буквата Л на латиница, кои се идеални како за помал, така и за поголем простор.

Во светот на дизајнерите постојат пет основни вида на кујни кои се разликуваат според распоредот на елементите. Па така кај линиските кујни елементите се поредени вдолж ѕидот и тие бараат минимална должина од 250 до 285 сантиметри, а погодни се за тесни и долги простори.

Втор вид на кујни се оние што се со две страни, во кои кујнските елементи се распоредени на два паралелни ѕида.

Кујна во ретро стил

Дизајнерите препорачуваат просторот измеѓу кујнските елементи да е 120 сантиметри за да можат без проблем да се отвораат. Во овој тип на кујни спаѓаат и оние во кои на едниот ѕид се сместени кујнските елементи, додека на спротивната страна се шанкот или кујнската плотна. Трета варијанта е кујната во форма на потковица, односно буквата У на латиница, и тоа како што велат професионалците воедно е и најфункционалниот вид на кујна, згоден како за мали така и за поголеми простори. Ваквата кујна овозможува најмал радиус на движење за време на подготовка на храната.

Модернистички детаљ

Покрај овие три вида на кујни, постојат уште два од кои ние денес ќе посветиме внимание на кујните во форма на буквата Л (на латиница). Кај овој вид на кујни предноста е во тоа што еден дел од просторот останува слободен и тука можете да поставите маса или кујнски остров.

Кујна полна со историја

Овие кујни се идеално решение и за малите и оние малку поголеми простори. за време на изработка треба да го имате на ум „работниот триаголник“ односно оддалеченоста помеѓу мијалникот, шпоретот и фрижидерот. Ваквите кујни совршено се вклопуваат за ваквиот „работен триаголник“.

Во продолжение погледнете ги фотографиите кои можат да ви послужат како неисцрпен извор на идеи бидејќи содржат кујни за секој стил на уредување со голем број интересни решенија кои можете да ги копирате за да добиете убаво дизајнирана кујна која ќе биде најпогодна за вашиот простор.

Во прашање се функционални и визуелно атрактивни кујни за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Извор: Хоум-дизајн

Facebook Comments
(Visited 111 times, 1 visits today)