Најубавиот фустан со точки за новата пролетна сезона што многу МАКЕДОНКИ би сакале да го имаат во своите плакари

Модел што ги воодушеви дамите

Фото: Инстаграм

Ова е еден од оние модели што секоја дама би сакала да го има во своите плакари. Во прашање е коктел фустан што го пронајдовме на виртуелните полици во интернет продавницата на „H&M“.

Имено, во новата пролетна понуда на шведскиот моден гигант можете да пронајдете еден прекрасен дамски фустан со точки и широки, впечатливи куси ракави, како и со врвки кои се врзуваат.

Фустанот кој најмногу ќе ги воодушеви дамите што го обожаваат францускиот стил се продава по цена од 65 евра.

Тесниот крој ја следи линијата на телото, а познатиот бренд во својата колекција нуди и „плус-сајз“ конфекциски модели.

Фустанот изгледа класично, но истовремено и мошне женствено и впечатливо, и истиот можете да го носите како на свечени настани, така и во деловни или секојдневни пригоди.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Во продолжение погледнете уште неколку модели од „H&M“ за кои сме сигурни дека е им се допаднат на многу дами.

[tptn_list]