Најубавата насмевка на Југославија слави роденден – годините се само број за оваа македонска пејачка
Ја гази седмата деценија од животот, но изгледа минимум 20 години помладо.

Во 1972 година Вики Среброва се стекна со титулата „Најубава насмевка на Југославија“, која ѝ ја додели весникот „Вечере новости“.
Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте најубави девојки на изборот на ниво на Југаславија.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Освен со манекенство, Вики се занимаваше и со музика, а се проба и во водителството.
Се чини дека сѐ и оди од рака на оваа дама.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
Годините не ѝ можат ништо, пејачката изгледа прекрасно, се уште ја има нејзината специфична убавина и зрачи со позитивна енергија.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Вели дека нејзината убавина и совршена кожа сепак се и дел од генетиката. Откри дека нејзините родители, дури и на стари години имале убава и мазна кожа.
Максимално ужива во животот и се труди секогаш да е опкружена со среќни и весели луѓе, во добра атмосфера.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Вики наполни 68 години и по тој повод се огласи на Фејсбук.
„Како си летаат годините, така не се радувам на бројките.
Среќна сум што сум уште жива и дај Боже да сум здрава.
Од сѐ срце однапред благодарам на сите што ќе ми го честитате роденденот.
Ве сакам“, напиша Вики.