Кралицата Ранија од Јордан важи за една од најмоќните жени на светот, а со својот шарм и грациозност ги освојува сите.
Кралицата Ранија кога дојде на престолот во историјата влезе како најмлада кралица на светот, а најпознатите модни магазини редовно ја ставаат на самиот врв меѓу најстилизираните и најубавите жени на светот.
Таа за време на посетата во Франција ја остави во сенка француската прва дама, Брижит Макрон која исто така важи за модна икона.
Имено, Брижит за овој настан носеше тегет фустан и салонки во иста нијанса, додека Ранија изгледаше по малку екстравагантно.
Таа носеше плисирано здолниште со постава од тантела, со кожена јакна и сјајни црни високи потпетици, а целото издание го заокружи со елегантна фризура и дискретна, но поприлично ефективна шминка.
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?