Најстар на светот: Оваа панда имаше роденденска забава, подарокот го изеде со сласт

Мажјак на голема панда од јапонската зоолошка градина денеска го прослави 28. роденден, што во човечки години би изнесувало повеќе од 80, со торта од мраз и декорации од бамбус кои го краселе неговиот простор.

Мажјакот Еимеи, кој на свет дојде во Пекинг, во 2014 година е прогласен за најстар примерок од тој животински вид во светот. Тој по природен пат оствари повеќекратно потомство во заробеништво во зоолошката градина во префектурата Вакајами.

Од доаѓањето од Кина на 6 септември 1994 година Еимеи во јапонската зоолошка градина доби 15 потомци, а 11 од нив се вратени во Кина, татковината на големите панди.

Персоналот од зоолошката градина на Еимеи за роденден му подари торта од лед и декорација направена од 28 стебла бамбус, која се јаде, а симболизира здрав и долг живот.

– Персоналот и посетителите ги радува неговата дологовечност и виталност – рече Хинко Фукуда, 24-годишен чувар во зоолошката градина, додавајќи дека ѕвездата на јапонската зоолошка со сласт го изеде својот роденденски подарок.

Фукуда рече дека Еимеи се парел со женската Раухин која има 20 години и е мајка на девет од неговите 15 потомци. Новото младо бебе панда треба да се роди есенва.

(Visited 25 times, 1 visits today)