Најпопуларните парфеми според изборот на Французинките

Со помош на францускиот дизајнер на парфеми Франсис Куркџиан магазинот Вог направи листа со најпопуларните француски парфеми на сите времиња.

Во продолжение проверете кои се класиците што се наоѓаат на оваа листа, но и зошто според Куркџиан се тие толку посебни и зошто Французинките ги обожаваат.

ADVERTISEMENT

1. Chanel N°5

Тоа е легендарен парфем кој во себе ја носи идејата за женственоста. Сеќавањето на Марлин Монро која го носеше и модната куќа Шанел заедно, тоа е нешто неверојатно. Може да ви се допаѓа или не, бидејќи е направен речиси пред 100 години и е многу посебен, но морате да го пробате.

2. Cacharel Anaïs Anaïs

L’Air du Temps на Нина Ричи некогаш беше првиот парфем што би и го подариле на помлада девојка. Сега тоа е Anaïs Anaïs на Cacharel. Не можам да кажам дека е лесен бидејќи има голема аура, но многу е светол и прозрачно цветен.

3. Guerlain Shalimar

Во еден момент едноставно сакаш да го пробаш парфемот на својата мајка. „Shalimar“ е икона. Многу е француски. Можеш да го почувствуваш во театрите или на опера.

4. Yves Saint Laurent Opium

Прво го имате Yves Saint Laurent, потоа ја имате модата, и на крај доаѓа легендарниот „Opium“. Мирисот на овој парфем како да е од некое друго столетие, а неговата идеја повеќе не е скандалозна како што беше некогаш, но се уште има нешто посебно во неговото име.

5. Kenzo Flower by Kenzo

Ова е еден голем ориентален парфем. Во себе носи горни цветни ноти и нешто многу пудресто, скоро како мирис на компактна пудра. Ако гледате попис на најпродаваните парфеми воп другите земји, ќе сфатите дека овој парфем со мирис на кармин за усни е нешто што во главно го гледате во Франција и на ниту едно друго место. Во прашање е класик.

6. Chanel Coco Mademoiselle

“Скоро секоја жена што ја познавам го имала во некој момент. Во себе ја носи самата срж на идејата за Французинките. Многу е современ, пик, елегантен.

Facebook Comments
(Visited 204 times, 1 visits today)