Огласи
Огласи 2
Вести

НАЈНОВИ МЕТЕО ПРОГНОЗИ – ОВА Е САМО ПОЧЕТОКОТ НА ЗИМАТА: Еве кога ќе започне снежната бајка!

Огласи 3

Славчо Попоски објави нова метео анализа.

Од вторник следува нова голема промена на времето, односно облачноста ќе се зголеми и кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат нови врнежи од дожд кој ќе бидат пообилни, а ќе продолжат и во деновите потоа, со што кон крајот на истата и понатаму е на видик големо заладување на времето кое ќе донесе врнежи од снег и на пониските места.

Од понеделник ќе имаме и повисоки температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а и наутро тие ќе бидат над нулата.

Сепак на повисоките планини ќе има врнежи од снег, но снежната граница ќе биде на надморска височина одо колу 2000 метри или повеќе, но повремено ќе се спушта и под 2000 метри.

Во текот на следната седмица во целиот регион снежната граница ќе се спушти и во градовите, со што се поголеми се шансите за првиот снег за оваа сезона и на пониските места.

Се на се, во следниот период на Балканот го очекуваат многу врнежи, што од дожд, што од снег а и снежната покривка нема да недостасува. Циклоните од запад и од северозапад ќе ни бидат многу честа појава во следниот подолг период.“ објави тој.

„ Како што стоеше во нашата сезонска анализа за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот, тоа, и тоа како ќе се оствари. Веќе во вторник и во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.

Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места (градовите). Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да го посетат и главниот град на Босна, Сараево.

На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).

Во Македонија очекуваме претежно врнежи од дожд, а снег ќе има само на високите планини (околу и над 2000 метри надморска височина), но повремено снежната граница ќе се спушта и под 2000 метри. Станува збор за вторник и за среда.

Ново големо заладување и многу повеќе врнежи ќе има околу 25 ноември, па натаму во деновите потоа, како и во декември. Тогаш очекуваме многу снег на Балканот и во Македонија, како и вистинска снежна бајка.

Во деновите кои се пред нас температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сега, но тоа нема долго да се задржи.

Ако мината година поминавме без снег, оваа година уште од ноември започнува снежната бајка и ќе ја има цела зима што ни претстои, не само во регионот, туку и во Македонија.“ објави тој.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button