Најдобрите цитати од германскиот писател Ерих Марија Ремарк

Книгите кои германскиот писател Ерих Марија Ремарк (22 јуни 1898 – 25 септември 1970) ги оставил зад себе се засновани на живи емоции и ликови кои поминувале пред неговите очи и живееле во неговото срце.

Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прославил уште со својот прв роман „На запад ништо ново“, во кој прикажал еден период од Првата светска војна. Други негови дела се „Тројцата воени другари“, „Триумфална порта“ и „Искра на живот“.

ADVERTISEMENT

Еве некои од неговите најдобри цитати:

„Никој не може да ти биде подалечен и потуѓ од оној кој некогаш многу сте го сакале.“

„Љубовта не живее од објаснувања, туку од дела.“

„Секоја љубов сака да биде вечна. Во тоа е и нејзиниот проблем.“

„Парадоксот на љубовта е во тоа што дури откако ќе се разделиш од некоја личност, дури тогаш таа почнува да ти биде интересна.“

„За среќата може да се зборува пет минути, не повеќе. Нема што тука да се каже, освен дека си среќен.“

„Само несреќниот знае што е среќа.“

„Можете да се смеете, дури и кога стравот ве брка.“

„Среќата е најнеопходната и најскапата работа на овој свет.“

„Човекот е секогаш посилен од својата судбина се додека не се одлучи да и се предаде.“

„Колку еден човек е попримитивен толку има повисоко мислење за себе.“

„Една жена или ќе ја обожаваш или ќе ја оставиш. Трето нема!“

„Ако жената е туѓа, тогаш таа е пет пати повеќе посакувана.“

„Жената не е предмет, таа е цвет. Неа и се потребни сончеви и нежни нешта.“

„Она што не можете да го имате, секогаш изгледа подобро од она што го имате. Во тоа е суштината на романтиката.“

„Каењето е најлошото нешто на светот. Не можете да се вратите назад. Не можете да ги поправите грешките.“

„Не сте совршени и не треба. На совршените нешта, местото им е во музеј.“

„Принципите понекогаш треба да се прегазат. Во спротивно, нема никаква радост од нив.“

„Не – брзо одговори тој.  – Само тоа не. Да останеме пријатели?! Да направиме мала градина врз изладената лава од нашите мртви чувства? Не, ова не е за мене и за тебе. Тоа се случува после мали интриги, и се покажува прилично неискрено. Не ја валкај љубовта со пријателство. Крај е, крај.“

„Ниеден човек не може да ви биде поголем странец од оној којшто во минатото сте го љубеле.“

„ Љубовта не поднесува објаснувања, нејзе ѝ се потребни дела.“

„ Секоја љубов сака да биде вечна, тоа е нејзината најголема мака. “

„Единствено кога конечно ќе се разделиш од човекот, почнуваш вистински да се интересираш за сè што него го интересира. Тоа е еден од парадоксите на љубовта.“

„За среќата може да се зборува пет минути, не повеќе. Нема што тука да се каже, освен дека си среќен. А за несреќата луѓето зборуваат денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка стравот. Сепак, ако ве брка стравот, смејте му се. Што друго би правеле?“

„Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот. “

„Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина. “

„ Колку попримитивен е човекот, толку повисоко мислење има за себе. “

„Ако сакате луѓето да не забележат што правите, немојте да бидете внимателни.“

„Момче, запомни една работа: никогаш, никогаш и повторно никогаш, нема да испаднеш смешен во очите на жената, ако направиш нешто за неа.“

„Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот колку го љуби. Тоа нека го зборуваат нејзините очи. Тие подобро се изразуваат од зборовите.“

„ Тоа што не можеш да го имаш секогаш ти изгледа поубаво, отколку тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човековиот живот.“

„Понекогаш треба да газите врз принципите, инаку нема да имате никаква радост од нив. “

„Што и да ви се случи – не земајте го при срце. Многу малку нешта на светот се долготрајно важни. “

Facebook Comments
(Visited 629 times, 1 visits today)