Најдобрите пријатели на еден бездомник – заврши во болница, а кучињата скитници за кои се грижел со часови го чекале пред вратата
Овој бездомник ги има најдобрите пријатели на светот
Еден бездомник од Рио до Сула во јужниот дел на Бразил, се грижеше за неколку кучиња скитници, постојано давајќи им храна, дури и кога тој немал доволно ни самиот да се прехрани. Тој секогаш двоеше од својата уста за да има храна за нив. Еве како му се одолжија неговите пријатели!
Тој човек неодамна беше префрлен во болница поради лоша здравствена состојба. Медицинска сестра која беше на должност кога тој беше донесен ја направи фотографија која навистина е трогателна. Кучињата за кои бездомникот се грижеше го чекаа на вратата.
„Едноставен човек, без луксуз, кој зависи од помошта на другите за да го преброди гладот, студот, болката, сето зло во овој свет, секогаш покрај себе го има најдоброто друштво, друштво кое му дава безрезервна љубов, топлина и разбирање … Оваа иста личност ни раскажа дека престанал да јаде само за да ги нахрани –нив! Не знам каков е неговиот живот, бидејќи живее на улица, но не сакам ни да знам ни да му судам. Јас се восхитувам на неговата почит и љубов … О, кога сите луѓе би биле вакви, овој свет ќе беше поинаков, би немало толку зло и малтретирање”, напиша медицинската сестра.