Реклама
Стил

Најважно за Лила е да е удобни и секси – водителката во мрежести чорапи, цело Скопје се врти по неа

„Животот е краток, но не и твоите потпетици“

Реклама

Изгледа одлично за свои години

Познатата водителка Лила Филиповска се прошета низ градот во уште едно издание заради кое сите се вртеа по неа.

Облечена во кусо, црно фустанче и со црни мрежести чорапи Лила едноставно си блескаше, а целото издание го зачини со преубави црни чевли со високи потпетици со кои ги воодушеви жените.

Маркетинг

„Отсекогаш си ги носела најубавите чевли! Се сеќавам на златните (мислам дека беа ‘Blumarine’, со голем кристал кај петите, поубава сандала немав видено до тогаш“ пишува во еден од коментарите што водителката ги доби под оваа своја објава.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, Лила речиси секојдневно не радува со своите нови, креативни модни приказни кои се како за во каталог.

Таа овој пат целото издание го заокружи со црн капут кој го носеше префрлен преку рамениците, а кој е совршен избор за овој период од годината. Во прашање е модел кој им е омилен на многу претставнички на понежниот пол, а како шармантната водителка изгледаше во него, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, Лила во коментарот на оваа своја објава зборуваше за три работи што и го разубавуваат денот, а покрај своите мачки и грижата за своето здравје и интима, водителката ги спомне токму и чевлите.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Како што самата водителка вели, добрите чевли се многу важен детаљ за секоја дама, посебно оние што треба да се носат преку целиот ден, па затоа најважно е да се удобни, но и секси.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Затоа што животот е краток, но не и твоите потпетици“, вели Лила во оваа своја објава на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

А дали таа навистина знае да го избере вистинскиот модел на чевли за себе и како во нив изгледаше, погледнете во галеријата….

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Поврзано

Back to top button