Најбогатата блогерка донираше 4 милиони евра поради коронавирусот: Целото семејство и е во изолација
Познатата блогерка Кјара Ферањи предупреди за аламантноста од коронавирусот.
Најбогатата и најуспешната модна блогерка во светот, Италијанката Кјара Ферањи ги повика големите светски ѕвезди и им порача дека мора да проговорат за коронавирусот и важноста на мерките за заштита.
„Ова е сериозен проблем. Се случува во мојата земја и ќе се случи во многу други. Ве молам, кажете го она што е правилно“, порача Кјара која со сопругот покрена и краудфандинг кампања за помош на болницата во Милано преку која досега се собрани повеќе од четири милиони долари.
https://www.instagram.com/p/B9mQy8BoV4j/?utm_source=ig_embed
Италијанката секојдневно објавува снимки во кои ги повикува да се придржуваат кон мерките за претпазливост и сите надвор од Италија ги предупреди сериозно да го сфатат коронавирусот.
https://www.instagram.com/p/B9KpafgoTGZ/?utm_source=ig_embed