Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот познат пејач го крсти бебето и објави прва фотографија – ќе се стопите од нејзината насмевка

Прва фотографија од ќеркичката, направена во дворот на манастирот

Реклама

Нашиот познат пејач денес сподели радосна вест на социјалните мрежи и ги израдува своите верни фанови.

Пејачот Иван Јованов ја крстеше својата ќерка, а фотографиите што ги сподели никого не оставија рамнодушен.

Крштевката се случи во манастирот Свети Јован Бигорски, а ова воедно беше и прв пат парот да ја покаже нивната наследничка.

Маркетинг

Инстаграм/ Иван Јованов

Имено, згодниот фронтмен на музичкиот состав „Либеро бенд“ во улога на татко се оствари пред неколку месеци кога неговата партнерка Ивана ја роди ќеркичката на која и го дадоа необичното име Ниа.

Маркетинг

Ниа наскоро ќе наполни три месеци, а мама и тато на нејзината крштевка блескаа од среќа и двајцата облечени во слично издание. Фотографијата веднаш предизвика лавина од реакции како кај фановите, така и кај неговите бројни колеги кои им посакаа најубави желби.

Инстаграм/ Иван Јованов

„Иван вашата поврзаност нема цена! Феноменална е сликава!“, „Најубавите мои“, „Прекрасни“, беа само некои од коментарите од фановите.

Инстаграм/ Иван Јованов

Потсетуваме, Иван минатиот септември ги изненади сите кога јавно соопшти дека неговата сакана е во блажена состојба.

Инстаграм/ Иван Јованов

Тие тогаш направија и мала забава на која го открија и полот на бебето, а оваа вест ги изненади сите посебно што по раскинувањето со колешката Антониа Гиговска, со која едно време и живееја заедно, пејачот не зборуваше многу за својот емотивен живот.

Инстаграм/ Иван Јованов

Инаку, Ивана е од Охрид, каде и сосема случајно се запознале, а оние што ги познаваат веат дека се совршен пар.

Инстаграм/ Иван Јованов

Тие денес и двајцата уживаат во родителството, а Иван никогаш не бил посреќен, посебно кога е со своите две принцези.

Инстаграм/ Иван Јованов

Инстаграм/ Иван Јованов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button