Нашата прва дама во панталони какви секоја жена треба да ги има во плакарите

Првата дама на Македонија Елизабета Ѓорѓиевска носеше практично модна комбинација која е потполно соодветна за вакви формални пригоди.

Првата дама на Македонија Елизабета Ѓорѓиевска покажа одлично деловно издание со кое ја истакна својата елеганција и женственост. Во прашање е крајно едноставна и удобна комбинација, која воедно изгледа и мошне шик.

ADVERTISEMENT

Таа носеше темни панталони и бела блуска која има интересни детали од тантела, а целото издание го заокружи со високи потпетици во беж нијанса со кои внесе дополнителна доза на женственост во нејзиниот деловен стил.

Фото: Инстаграм/ Тања Кокев

Што се однесува до панталоните во прашање е модел што секоја жена треба да ги има во плакарите – тие се со крој кој ја следи линијата на телото и од полусветкав материјал кој изгледа свечено, но и сосем доволно. Благодарение на нив, но и на внимателно избраните детали, првата дама на Македонија изгледаше уште поженствено и понежно.

Одлично издание!

Facebook Comments
(Visited 3.693 times, 58 visits today)