Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната фолк-пејачка процвета по разводот – слободна жена која плени каде и да се појави

Еве што вели Анета и за тоа дали има додворувачи

Реклама

Изгледот на Анета се почесто се коментира на социјалните мрежи

Една од омилените македонски пејачки на народна музика, Анета Љумаковска, кариерата ја започна многу млада, а токму во тие води го пронајде и човекот со кого застана на лудиот камен и со кого доби ќерка која порасна во вистинска убавица.

Но и покрај тоа што нејзиниот брак изгледаше складно, пејачката по дваесетина години реши да стави точка и да продолжи сама.

Маркетинг

Веста за разводот одекна како бомба во медиумите и сите ги изненади, а пејачката која не криеше дека крахот не беше лесен, сега со најновите објави покажува дека одлично се држи.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои изгледа како да е во своите најдобри години, а многумина се воодушевени од нејзиниот нов имиџ со кој Љумаковска изгледа како да е некоја друга жена.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Впрочем тоа го забележа и Жаре Бербер кој ја пофали Анета во една од своите емисии „Галама шоу“ токму за нејзиниот нов изглед и нова фризура, но истовремено и постави и прашање дали има додворувачи, на што Анета одговори негативно.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Нема“, одговори како „од пушка“ македонската фолк-дива, не сакајќи да открива повеќе детали од својот приватен живот, иако Жаре беше упорен да дознае повеќе.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Ама нема бре, човече“, му одговори Анета, по што се надоврза и Трифун Костовски истакнувајќи дека тоа е приватна работа.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инаку, Анета за оваа пригода беше облечена во црно од глава до пети, но и овој пат привлече внимание со својот изглед.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Тоа впрочем може да се забележи и од бројните коментари под видеото на Јутјуб каде сите се согласни дека пејачката блеска.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа едноставно зрачи со својата позитивна енергија каде и да се појави, а како изгледаше кај Жаре, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button