Нашата позната пејачка се преполови па облече претесни фармерки – многумина ИЗНЕНАДЕНИ како таа изгледа во нив!
Пејачката Тамара Тодевска објави неколку фотографии со кои ги воодушеви своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Таа позираше во провокативно издание, истакнувајќи го своето женствено тело во тесни фармерки и покажувајќи дека е во топ форма.
Тоа дека пејачката изгледа и повеќе од провокативно докажува и тоа што под нејзините фотографии доби голем број комплименти од кои повеќето се од претставничките на понежниот пол.
„Божествена жено“, и порача обожавателка на Тамара, а нејзиниот коментар беше само еден од многуте пофални зборови и комплименти што нашата позната пејачка ги доби на сметка на својот изглед.
Тамара беше облечена во тесни, светло сини фармерки и црно „оверсајз“ сако под кое носеше туника со интересен дезен, а целото издание го подигна со преубави црни салонки со високи потпетици и метален шпиц.
Но покрај облеката, таа блескаше и со нејзината преубава „несредена“ фризура и црвениот кармин со кој изгледаше заводливо.
Повеќе од очигледно е дека познатата пејачка својата линија ја има доведено до совршенство, па сега изгледа подобро од кога било досега.
Како што самата истакна во една пригода, таа успеала да изгуби повеќе од 20 килограми благодарение на здрава исхрана, но и на напорните тренинзи во теретана и редовни третмани во козметички салони.
И благодарение на својата решителност и упорност, Тодевска го реши проблемот со вишокот килограми кој ја прогонуваше со години и сега изгледа одлично.
Доказ за тоа се и фотографиите на нејзиниот Инстаграм каде од ден на ден изгледа се поубаво и поубаво.
Како изгледаше Тамара во тесни фармерки, но и некои друг нејзини шик изданија, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска