Нашата позната пејачка откри детали во врска со нејзината свадба – ПРИЈАТЕЛКИТЕ се нестрпливи, но на Лоба не и се брза
Девојката која со својата појава плени каде и да се појави откри детали за својата приватност.
Иако Лоба важи за една од оние познати личности кои не сакаат да откриваат многу за приватноста, овојпат откри интересни детали за себе.
Македонската пејачка Виктротија Лоба во „Еден на еден“ откри дека го прележалла коронавирусот, но за среќа без никави симптоми, а заразата ја открила сосема случајно кога требала да оди на пат во Хрватска, па морала да остане дома.
Лоба има руско потекло, па поради тоа се пошегува, па рече можеби тоа има улога.
– Имав и мирис и вкус. Ми се интензивираше чувството за мирис. Ова е некоја руска генетика, не знам баба ми како мала со што ме хранела рече Лоба во интервјуто.
Лоба во 2019 година се вери со бизнисменот Ѓорги Калешов, но поради коронавирусот плановите за свадба мораа да почекаат, па сега на прашање до каде е свадба, Лоба одговори „Корона е, има Ковид“, па додаде.
„Повеќето парови сега така функционираат. Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“. Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа … Ние уствари ќе си направиме миниконцерт“, вели Лоба.
Таа додаде дека не јаде месо, но не поради избор туку едноставно нејзиното тело не го поднесува.
Иако нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тајна, таа својата свршувачка ја потврди јавно уште во месец септември.
– Човекот не треба да се менува ако тоа не е пожелно за него, а поради туѓите желби и потреби најмалку. Во таквиот однос нема здрава врска и слобода. Вистинскиот збор е „прифаќање“ тоа е волшебна особина која ја немаат повеќето, а е навистина доблесна особина зошто само така се гради стабилен однос меѓу кои било две индивидуи независно дали во врска, брак, на работа итн.
Друга работа е кога поради љубов кон другиот сакаме да се приспособиме, да направиме компромис, а таа одлука не ни создава притисок и негативни емоции. За секаков вид на успех како што кажав потребно е прифаќање, љубов и поддршка. Без тие особини врската нема среќен крај. изјави Лоба во едно интервју за Гламур.
Лоба во Македонија дошла во 1998 година, а веќе во 2003 ја претставуваше државата на детска Евровизија.
Лоба важи за голем љубител на кучиња, па затоа одлучи да си земе милениче.
Пред една година таа ја вдоми преслатката Маша, кученце од популарната раса помпериан, за која вели дека сака да ја разгалува.
Присетувајќи се на детските денови во Русија таа рече дека децата уште во предшколдска возраст знаат да пишуваат и читаат, но и дека знаат да сметаат множење и делење.
– Баба ми ме изнамачи со тоа, тоа беа слатки маки. Ме прати на авион за Македонија со таблица за множење“ се присетува Лоба велејќи дека нејзината баба го сакала најдоброто за неа, што судејќи по ова што го гледаме од Лоба, јасно е дека завршила добра работа!