Нашата позната пејачка му танцува на сопругот во бpyтaлно Ким КАРДАШИЈАН издание – облече хеланки и ги полуде сите!

Уште едно „опасно“ издание на Гавазова

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Нашата позната пејачка во последните денови ги запрепастува фановите со своите пpoвокативни модни изданија.

Сузана Гавазова е во топ форма и без проблем може да ги носи и најсмелите модни изданија. Таа го направи тоа и денес кога го покажа своето феноменално тело во тесни хеланки што ги носеше во комбинација со кратка маичка и тренди бели чизмички со високи потпетици, а модното издание го сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Пејачката танцуваше пред камерата додека тесното издание го оцртуваше секој дел од нејзиното убаво тело.

Нејзиниот стајлинг им се допадна на нејзините фанови, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инаку, Сузана во последно време се почест експериментира со модата, а нејзините изданија и се допаѓаат на сите.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Така беше и кога неодамна не изненади со пpoвокативната комбинација со која потсетуваше на Амазонките од грчката митологија, но и во преубавиот комбинезон со длабоко деколте во „V“ израз и широки ногавици.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инаку Гавазова е мајка на две ќерки, а се уште има тело на кое многу помлади од неа можат да и завидуваат.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Познатата пејачка веќе седум години е во брак со Јасмин Курузовиќ со кого се неразделни и важат за еден од највљубените парови на нашата естрадна сцена.

Нивната љубов е совршен доказ дека кога е љубовта во прашање, не постојат граници. Имено, таа е православна, а тој муслиман, а како што самата пејачка во една пригода изјави, и двајцата не се премногу верски настроени, па ги слават и православните и муслиманските празници.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од ова издание на Сузана од кое сигурно и нејзиниот сопруг беше изненаден.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
(Visited 7.316 times, 1 visits today)